Инвестициската компанија Кендирон капитал партнерс се стекна со 20% акционерски капитал во провајдерот на безжичен интернет Сан вајрлес Македонија. За таа цел, како што соопштија од Сан вајрлес Македонија, Кендирон капитал партнерс ја формираше компанијата Сан вајрлес интернешнел лимитед преку која влезе во Македонија. Средствата обезбедени со инвестицијата ќе бидат искористени за проширување на постоечката мрежа на безжичен интернет во Скопје, Прилеп, Битола и околните градови со што компанијата ќе се зацврсти како најголем провајдер на безжичен интернет во Македонија, соопшти Сан вајрлес Македонија. До крајот на годината компанијата планира да ја прошири својата мрежа и во соседните земји. Сан вајрлес, како провајдер на безжичен интернет е присутен во повеќе од 10 градови и региони низ државата со повеќе од 350 ви-фи хот зони. Обезбедува мобилност во преносот на податоци со различни припејд и постпејд можности кои се дизајнирани за да ги задоволат потребите на клиентите.
Инвестициската компанија Кендирон капитал партнерс се стекна со 20% акционерски капитал во провајдерот на безжичен интернет Сан вајрлес Македонија.
За таа цел, како што соопштија од Сан вајрлес Македонија, Кендирон капитал партнерс ја формираше компанијата Сан вајрлес интернешнел лимитед преку која влезе во Македонија.
- Средствата обезбедени со инвестицијата ќе бидат искористени за проширување на постоечката мрежа на безжичен интернет во Скопје, Прилеп, Битола и околните градови со што компанијата ќе се зацврсти како најголем провајдер на безжичен интернет во Македонија, соопшти Сан вајрлес Македонија. До крајот на годината компанијата планира да ја прошири својата мрежа и во соседните земји.
Сан вајрлес, како провајдер на безжичен интернет е присутен во повеќе од 10 градови и региони низ државата со повеќе од 350 ви-фи хот зони. Обезбедува мобилност во преносот на податоци со различни припејд и постпејд можности кои се дизајнирани за да ги задоволат потребите на клиентите. Моментно ја проширува мрежата на територијата на град Скопје и општините Битола и Прилеп, со цел до крајот на годината да ја достигне зацртаната бројка од 600 хот зони.
Кендирон капитал партнерс е приватна инвестициска компанија активна во бизнисот со недвижности, структуирано финансирање и приватниот пазар на капитал. Исто така, Групата е активен учесник и во тргувањето со приватниот капитал. Иако вообичаено Кендирон е главен инвеститор, често соработува и како ко-инвеститор во најразлични проекти и инвестициони можности заедно со други приватни и институционални инвеститори.